Прагот на толеранција за брзина на „Сејф сити“ ќе се намалува

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека од почетокот на примената на системот „Безбеден град“ засега нема поплаки од граѓани и дека Владата е во постојана координација со Министерството за внатрешни работи.

Тој појасни дека на стартот е зголемен прагот на толеранција за детектирање на прекршоците за брзо возење, со цел граѓаните постепено да се прилагодат на новиот систем. Во моментов, како што рече, толеранцијата изнесува околу 15 отсто, што е над европскиот стандард од 10 отсто, но со текот на времето ќе се врати на европските критериуми.

„До 50 километри на час толеранцијата е шест километри, над 50 е девет километри, а над 90 е 12 километри на час. Ова е направено за граѓаните да не се казнуваат веднаш, но со навикнувањето на возачите ќе се вратиме на европските стандарди“, изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека целта на системот не е казнување, туку намалување на сообраќајните несреќи и заштита на човечките животи, додавајќи дека очекува значително намалување на бројот на прекршоци и изречени казни.

Од денеска, 1 февруари, системот „Безбеден град“ почна да функционира во Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10. Преку камерите ќе се детектираат четири типа сообраќајни прекршоци: непрописно паркирање, пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло и управување возило со истечена сообраќајна дозвола.

Би можело да ве интересира

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар