Познатиот српски лекар Антониќ ќе врши обука во Штипската болница

Од:

Во Клиничка болница-Штип од денеска заедно со медицинскиот персонал ќе работи Желимир Антониќ познатиот радиолог од Институтот за кардиоваскуларни болести Дедиње, Белград од Република Србија.

Во наредните шест месеци Антониќ ќе работи со пациентите, но и ќе врши обука на радиолошките и кардиолошки медицински тимови во штипската Клиничка болница.

Антониќ вели дека првата соработка ја имал со лекарите и тимот на лекарот Никола Бакрачевски од Охрид, во 2008 година, а сега повторно е во Македонија благодарение на Министерството за здравство.

– Во оваа болница постојат неопходни и добри услови за спроведување на врвни медицински третмани како за првенцијата така и за терапијата кај кардиоваскуларните пациенти. Овде постои опрема, која ги задоволува сите критериуми на современото лечење за напредниот медицински ангажман, така да би било навистина штета тоа и да не се искористи. За таа опрема било потребно да се издвојат многу пари и сите оние кои извдвојуваат во државниот буџет ќе бидат задоволни ако тие средства правилно се искористат, вели Антониќ.

Тој додава дека со опремата, но и со мотивираниот медицински кадар во наредните шест месеци ќе работат на современите апарати, но и ќе се вршат интервенции со кои ќе се спасуваат човечки животи од овој регион.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Александар Стојановски вели дека покрај тоа што ќе се вршат посериозни интервенции во делот на кардиологијата, првпат во штипската болница која е регионален центар за источна Македонија, ќе биде изведен и радиолошки кардио-имиџинг, односно работа со компјутерски томограф за изведување на процедури на срце, кои досега се вршеа само во Клинички центар – Скопје.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски