Познат идентитетот на тројцата повредени во престрелката во Тетово

Од:

Вооружената престрелка во Тетово се случила ноќеска на улицата „29 Ноември“. Случајот во 02:20 часот е пријавен во полициската станица во Тетово.

Со прострелни рани од пиштол се здобиле 37-годишниот С.К. и 36-годишниот С.К. а 49-годишниот М.А. има повреди на главата. Тројцата поради сериозноста на повредите се пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека веднаш по пријавата на терен се излезени екипа од СВР Тетово и од Јавното обвинителство и оти од местото на настанот подигнати се пиштол марка „зброевка“, рамка со осум куршуми и пет чаури. На местото на настанот пронајдено е и патничко возило „мерцедес“ со тетовски таблички.

Се работи за целосно расчитување на случајот.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии