Познат идентитетот на ограбувачот на Стопанска банка

Од:

Полицијата го фати ограбувачот кој денеска се обиде да ја ограби филијалата на Стопанска банка во населбата Ѓорче Петров.

Сторителот на кривичното дело е 43-годишниот Александар М. од Скопје.

Тој добил повреда при престрелката со полицијата и со Брза Помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а се наоѓа надвор од животна опасност.

Ограбувачот го обезбедуваат полициски службеници.

Вработена во банката пријавила во полиција дека ограбувачот влегол и ја ограбил филијалата.

Полицајците веднаш излегле на терен и со своите возила го пресретнале ограбувачот кој почнал да пука во нив. Полицијата возвратила на пукањето при што ограбувачот бил погоден и веднаш испратен на скопските Клиники.

Би можело да ве интересира

Акцијата во Скопје е за неовластено тргување со културно наследство, се претресуваат фирми, се апсат и осомничени

Во потрагата по Вања пребарувано е коритото на Вардар, подруми во околината, контактирани се цркви и манастири

А1он

(ВИДЕО) Не се чекаат 48 часа за потрага: Како тече постапката за пријавување исчезнати малолетници во Македонија?

Александар Тодески

По Вања се уште се трага, не е вистина дека била најдена во соседна држава

Александар Тодески

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Уапсена 54 годишна жена во гостиварско Градец, украла пари и накит во јавен превоз

А1он