Познат идентитетот на мажот што се удави во Охридско Езеро

Од:

Димитри А. (61) од Охрид е лицето чие беживотно тело вчера беше извлечено од водите на Охридското Езеро кај плажата Сараиште во стариот дел на градот.

Според соопштението на полицијата, неговото тело било забележано во водите на езерото околу 17:50 часот, на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десеттина метри од езерскиот брег.

Увид на лице место е извршен од полициски екипи во присуство на јавен обвинител.

На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски