Позитивната листата на лекови е дополнета благодарение на СДСМ, велат од партијата

Од:

Целата процедура како и исполнувањето на потребните предуслови за проширувањето на позитивната листата на лекови беше започната и завршена во време на мандатот на СДСМ. Благодарение на СДСМ денеска имаме дополнета, односно проширена позитивна листа со лекови кои им се потребни на граѓаните, меѓи кои и за висок притисок, срцеви заболувања итн. После цели 13 години СДСМ ја отвори оваа можност за современа и поефикасна терапија за граѓаните, велат од СДСМ.

– Беше усвоен нов Правилник за ставање лек на позитивната листа, целосно усогласен со европските правилници. Минатата, 2023 година беше формирана и стручна комисија откако претходно беа усвоени нови критериуми. На тој начин за граѓаните се отвори можноста да имаат нови лекови а за фармацевтските компании да можат да почнат со навремена подготовка на документацијата. Актуелната власт само го заврши процесот во оваа фаза. За жал процесот не е комплетиран до крај. За да биде целосно комплетиран целиот процес потребно е оваа листа да се интегрира и да се дополни заедно со болничките лекови – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он