Позициите на политичките лидери за датумот на избори се многу различни, ДИК со единствено мислење, а различни ставови во медиумите

Од:

Претседателот Стево Пендаровски смета дека на наредната лидерска средба што треба да се одржи на почетокот на идната недела шансите за договор за датум за одржување парламентарни избори се 50:50. Целта е да се постигне консензус, а тој, како што рече, е само медијатор во тој процес. Позициите на политичките лидери во однос на датумот за избори, според шефот на државата, се многу различни.

– Разликите се поголеми од еден месец, рече шефот на државата, кој кажа дека веројатно изборите би биле во летниот период.

Проблем ќе биде доколку лидерите не постигнат договор за датум за парламентарните избори и ако се вратиме на политичка влада.

– Немаме Собрание, а тоа неверојатно ги компликува сите работи во правната сфера, рече претседателот.

Во обраќањето по седницата на Советот за безбедност, запрашан за мислењето на Државната изборна комисија (ДИК) во врска со изборите, Пендаровски рече дека Комисијата не е надлежна да кажува кога може да има избори.

– Она што ДИК не го кажува, и не може да го каже, бидејќи не е нејзина надлежност, е датумот за избори. Кога политичките лидери или политиката ќе решат да има избори, тие ќе се прилагодат кон тоа што ќе го побара политиката од нив. Тие одат според законите, во оваа ситуација според уредбите со законска сила, изјави Пендаровски.

Целосно е сигурен во професионалноста на ДИК и знае дека материјалот доставен до него е донесен едногласно.

– Ако политичарите кажат да има, тие тоа ќе го испратат во рамки на законската рамка. Сега имаме една законска рамка, ако понатака се донесе нова, тие тоа ќе го испочитуваат, изјави тој.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред два дена, како што рече Пендаровски, разговарал со шефот ОБСЕ/ОДИХР и очекува писмено известување за колку време тие се подготвени и дали се воопшто подготвени во услови на пандемија да ги мониторираат нашите избори.

– Без меѓународен мониторинг не сакам воопшто да размислувам за избори, изјави Пендаровски одговарајќи на прашање дали би имало избори во државата доколку ДИК и Комисијата за заразни болести дадат зелено светло за избори, но од друга страна меѓународна наблудувачка мисија ОБСЕ/ОДИХР, даде негативен одговор во однос на ова прашање.

Нема да бидам учесник во тие избори, вели тој, меѓутоа како институција во оваа држава која води сметка и за демократичноста, ние чекаме да почнеме преговори со Европска Унија и ако немаме меѓународна верификација на целиот изборен процес, за неговиот кредибилитет, интегритет и конечни резултати ние не може да сметаме дека ќе продолжиме со преговори со ЕУ.

Претседателот уште додаде дека сите лидери на политичките партии на последната лидерска средба изјавиле дека стојат на ставот дека без меѓународен мониторинг нема да се одржаат избори.

Комисијата за заразни болести веќе изготви протокол за спроведување на изборите, а како што кажа Пендаровски клучна проценка во него е дека се додека не се најде вакцина, односно лек за овој вирус, изборите каде било во светот, не само тука, па веројатно и догодина, ќе мора да се спроведуваат под посебен режим.

Шефот на државата уште еднаш повтори дека прогласувањето на вонредната состојба во траење од 14 дена не е врзано со изборите. Доколку не продолжи вонредната состојба, бидејќи нема Собрание, Владата, како што појасни тој не може да врши плаќања за ублажување на економските штети од ковид-19. Засега, според Пендаровски не се знае дали вонредната состојба ќе продолжи после овие 14 дена и оти тоа ќе зависи од здравствената состојба.

ДИК со единствено мислење, а со различни ставови во медиумите

ДИК му достави мислење на претседателот Пендаровски во врска со изборниот процес и временската рамка, која е потребна за тоа, во кое е потенцирано дека Комисијата смета оти е потребно Владата да донесе нова уредба со законска сила и да пропише нови рокови за Избирачкиот список и за увидот во него. Таа уредба, стои во мислењето на ДИК, треба да биде прилагодена на сегашната фаза во која се наоѓаат изборите, изјави за МИА Борис Кондарко.

Мислењето вчера беше доставено до Пендаровски, а на него потпис има ставено и претседателот на Комисијата, Оливер Деркоски.

– Ниту претседателот, ниту членовите на ДИК немаат законски овластувања да кажуваат по кои рокови ќе се спроведуваат дејствијата за Избирачкиот список и за јавниот увид. ДИК не е законодавец и токму и затоа во одговорот до претседателот на државата, потпишан од претседателот на ДИК јасно потенциравме дека ДИК смета оти е потребно Владата да донесе нова уредба и да пропише нови рокови за Избирачкиот список и за увидот и таа уредба за биде прилагодена на сегашната фаза во која се наоѓаат изборите, вели Кондарко.

Тој истакна дека не е точно барањето на Деркоски за нови 45 дена за јавниот увид и списокот, и како што посочува, со повикувањето на сегашните одредби Деркоски се демантира самиот, бидејќи во дописот до претседателот на државата ДИК бара од Владата да се определат нови рокови за овие дејствија, кои логично е да бидат пократки.

Истовремено, вели Кондарко, ваквото барање на Деркоски е демантирано и од Уставниот суд, кој одлучи дека не може да се повторуваат одново дејствијата со нови 45 дена, колку што бара претседателот на ДИК, туку процесот да продолжи 22 дена по завршувањее на вонредната состојба.

Претседателот на ДИК претходно во изјава за дел од медиумите рече дека Избирачкиот список треба да помине низ истата процедура на прочистување и дека таа процедура, заедно со иборната кампања, трае 45-50 дена.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он