Пожарот во Струмица ја зеде и третата жртва.

Од:

На Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, синоќа почина уште едно лице, 30-годишниот струмичанец Митко Георгиев, кој беше повреден во пожарот кој избувна на 23 јули кај Струмица.

Погребот ќе биде извршен утре.

На 24 јули починаа браќата, 46-годишниот Пено и 50-годишниот Блажо Стојкови вработени во „Македонски шуми“.

Во пожарот беа повредени 14 лица, починаа тројца,во градската болница се наоѓаат уште две лица на лекување кои беа повредени во пожарот. Едниот од нив е возрасно лице со изгореници над 50 отсто, кое е во витално-загрозувачка состојба, но во моментов со стабилни параметри. Докторите на Клиниката прават максимални напори за негови излекување. Другото лице кое се наоѓа на Клиниката е дете со 40 отсто изгореници од втор и трет степен и се наоѓа во стабилна општа соостојба.

Пожарот во Струмица, вели градоначалникот , Зоран Заев е под контрола, но се преземаат сите мерки на претпазливост и заштита.

 

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица