Пожарот во пехчевско се прошири кон патот Делчево – Пехчево, сообраќајот е во прекин

Од:

Пожарот во пехчевско се прошири кон патот Делчево – Пехчево и зафати дел од блиската шума во атарот на селото Црник. Поради новонастанатата ситуација повторно е во прекин сообраќајот во правец од Делчево кон Пехчево.

– Забраната за движење важи од 11 часот на повеќе локации имаме наши екипи кои го упатуваат населението кон алтернатнивниот патен правец преку селото Бигла, информираат од полицијата во Делчево.

Во меѓувреме на терен пристигнаа и противпожарните возила од Словенија кои веднаш се вклучени во гаснењето на пожарот кај селата Робово и Умлена каде хеликоптерите се повлекоа за да наполнат гориво, а гаснењето продолжува теренски.

Во атарот на овие две села ситуацијата е стабилна, но се уште пожарот е активен и продолжува неговото гаснење.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски