Пожарот во Пасјак зафати дел од куќите, населението евакуирано

Од:

По 14 часот попладнево повторно се разви пожарот во маалото Пајсак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата, поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на почетокот на селото.

На терен се пожарникари од Делчево, Берово, Македонска Каменица, припадници на Армијата, локално население, доброволци, шумско стопанство кои учествуваат на негово локализирање.

Жителите меѓу себе се договараат да се вклучат со трактори во акцијата за гасење, бидејќи сите се исплашени. Тие ќе се вклучат и со рачно гребење со цел пожарот да не се спушти во селото.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче