Пожарот над Штип е под контрола

Од:

Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која синоќа се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре. Oд гром се запали сува трева и грмушки, но поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на вонредната прес-конференција изјави дека пожарот се ширеше по непристапен терен, а граѓаните од повисоките зони можеа да ги видат огнените јазици, како се доближуваат над градот Штип, поточно над населбата Кадидаре.

– Eкипите на ТППЕ заедно со членовите на Доброволното Противпожарно друштво излегоа на терен со целокупаната логистика, ресурси, механизација на Јавните претпријатија за да го локализираат овој пожар, кој заради непристаноста на теренот се шири-вели Јорданов.

Јорданов истакна дека нема простор за паника, бидејќи на терен беа мобилизирани сите институции и доброволците. Нема повредени лица, ниту пак куќи беа во опасност од огнените јазици.

Зоран Младеновски, пожарникар доброволец од ДПД –Штип рече дека пожарот е под контрола и се надева дека огнената стихија ќе се смири. На терен беа 12 доброволци пожарникари, со свои теренски возила.

Би можело да ве интересира

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски

Повторно се активира пожарот над штипската населба Кадидаре

А1он

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Во пожар на семејна фарма настрадаа 1.500 свињи