Изгаснат е големиот пожар во Штип

Од:

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа.

Пожарот избувна вчера попладне откако гром запали сува трева и грмушки, по што поради силниот ветер брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак и се доближи до првите куќи во населбата Кадидаре.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, вчера на вонредна прес-конференција изјави дека огнот се ширел на непристапен терен, а граѓаните од повисоките зони можеле да ги видат огнените јазици над градот.

– Екипите на ТППЕ заедно со членовите на Доброволното противпожарно друштво веднаш излегоа на терен со целокупната логистика и ресурси за локализација на пожарот, кој поради непристапноста се ширеше – истакна Јорданов.

Тој нагласи дека нема простор за паника, бидејќи сите институции биле мобилизирани, додавајќи дека нема повредени лица и не биле загрозени станбени објекти.

Би можело да ве интересира

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он