Пожарот над Македонска Каменица ставен под контрола

Од:

Пожарот над Македонска Каменица кој започна од месноста Валичарско маало е ставен под контрола, но се уште активен. Според информацијата од ЦУК Делчево, првичната проценка е дека со пожарот е зафатена површина од околу 70 хектари висока борова шума.

– Во гаснењето на пожарот од вчера попладне и денеска, учествуваат и два авиона од Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, има и голем број доброволци од месното население, екипи од ЈП Подружница „Голак“ Делчево, од ЈП „Камена Река“, како и ТППЕ од М. Каменица, Делчево, Кочани и Виница, но и од ЈП„ Брегалница“ Делчево, истакнува Драган Балас од ЦУК Делчево.

Тој додаде дека на барање на општината и според првичната проценка за опасноста од пожарот, кој почнал да се шири и кон селото Цера, и поради непристапниот терен, биле повикани да интервенираат и авионите од ДЗС.

Пожарот над Македонска Каменица е активен од вчера попладне од 15 часот, а во моментов се прават напори пламените јазици да не излезат од контрола, поради ветерот и сувата трева.

Би можело да ве интересира

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка

А1он

СДСМ го освојува градоначалничкото место со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица