Пожарот на планината Готен, од страната на Радовиш, е ставена под контрола

Од:

Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ полета кон огнената стихија на планината Готен. Со таканаречени „бoмби“ резервоар со капацитет од над 3.400 литри вода се вклучи во гаснење на пожарот од беровска страна.

Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Михаилов вели дека по неколкудневната битка со огнот за да се спасат радовишките села Подареш, Јаргулица и Покрајчево, огнената стихија на планината Готен, од страната на Радовиш, е ставена под контрола.

Поради стабилизирање на состојбата намалени се човечките ресурси, но на терен остануваат пинцгауери, хермелини и бтр-те кои со својата моќност ќе ја чуват планината од огнот повторно да не се распламти.

-На линијата на територијата на Радовиш и денеска имаме припадници на АРМ. Припадниците на ЕБР доцна синоќа ги ослободивме. Екипажите на специјализираните возила ни се тука. Дел од тие возила ни се употребени онаму каде треба, а останатите се подготвени да се приклучат доколку има потреба од нив. Сликата денес во однос што беше вчера утро е различна, односно 00 на нула, вели Михаилов.

Во моментов се интевенира на оние места каде што се појавува чад. Патроли има постојано низ планината. По вчерашната битка со огнот над селата Јаргулица, Злеово и Покрајчиево затекнавме страотна глетката на планината Готен. Јагленосани дрва, пеплосана вегетација, изгорен дивеч. Огнената стихија остави пустош позади себе. Штетите и опожарените површини допрва ќе се анализираат и утврдуваат.

Освен на овие планини се уште се активни пожарите на територијата на Прилеп и Кавадарци, додека под контрола се ставени пожарите на планините Серта и Плачковица

Би можело да ве интересира

Затворен е патот Македонски Брод – Скопје поради пожар во „Јасен“

Aктивни се три пожари, во „Јасен“ и кај селата Церово и Беловодица

Драма во Милано: Горат аеродромски шалтери, патниците во паника бегаат, насилник со чекан крши монитори

Активни се само два, а изгаснати се четири пожари

Со денови трае макотрпната битка со пожарот во ловиштето „Јасен“

Горан Наумовски

Активни се два пожари, гори шума во „Јасен“ и на Китка