Пожарот на планината Готен од страна на Берово е ставен под контрола

Од:

Шумскиот појас, кој гори на планината Готен од страна на Берово, во моментов е ставен под контрола, изјавиДимитар Гошевски, командир на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Берово.

Тој вели дека на терен се пожарникари, доброволци, вработени во ЈП „Национални шуми“ и се надева дека во текот на денот пожарот ќе биде под контрола и нема да се дозволи негово проширување.

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, кој неколку дена е на терен на планината Готен, каде што шумскиот пожар зафати огромна површина во општините Василево, Берово и Радовиш, вели дека во текот на вчерашниот ден пристигната е помош во градежни машини од општините Штип, Кавадарци и Василево, со кои се пробиваат патишта, односно се прават пресеци низ шумата, за да се спречи брзото ширење на огнот.

– Од она што го гледам на терен што го работат екипите сум презадоволен. Денеска со нас се и преку 100 војници од Армијата, имаме помош и од Доброволните противпожарни друштва коишто се одзваа во добар број. Така што ако она што сме го зацртале во текот на синоќешните координации во Општина Василево и во Општина Радовиш, има огромни изгледи во текот на денешниот ден до завршувањето, овој пожар да го ставиме под некаков контролиран простор, истакна Михаилов.

Тој забележува дека ангажирани се пожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“, доброволци, припадници на Армијата, а има и осум возила пинцгауери и четири градежни машини.

Пожарот на планината Готен беснее веќе неколку дена зафаќајќи голем шумски простор на територија на општините Василево, Берово и Радовиш.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар на пазар во Санкт Петербург, има повредени

Во Аеродром: Се запали „рено клио“, оштетени се уште две возила

Се запали камион во село Косевица, пожарот го изгаснаа каменичките пожарникари

Во Виена уапсени се девојки осомничени за подметнување 18 пожари „поради досада“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во објект на скопско Кале

Горан Наумовски