Пожарот меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се прошири и е надвор од контрола

Од:

До 13 часот во земјава биле регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни пожари се евидентирани на територијата на општините Студеничани, Зелениково, Гостивар, Чашка, Пробиштип, Градско и Кичево. Пожарот кај Тајмиште во општина Кичево е ставен под контрола, додека пожарите во Сарај, Гостивар, Куманово и Берово се изгаснати.

ЦУК соопшти дека состојбата на терен постојано се следи.

Во меѓувреме, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се проширил и во моментов е надвор од контрола.

Според Ангелов, огнот зафатил голема површина со сува трева и се движи кон сртот, што дополнително ја отежнува интервенцијата на екипите на терен.

Пожарникарите во моментов се обидуваат да го запрат ширењето на огнот и да ги заштитат овоштарниците и околните објекти.

– За жал, ја изгубивме контролата над пожарот. Станува збор за голема површина со сува трева. Пожарот се движи кон сртот, а пожарникарите вложуваат максимални напори да го задржат и да ги заштитат овоштарниците и објектите во околината. Ова ќе биде долга и тешка битка, можеби ќе трае и неколку дена – изјави Ангелов.

За справување со пожарот веднаш била побарана дополнителна помош. На терен се ангажирани државни трактори, хеликоптер на МВР, како и четири специјализирани противпожарни возила „Пинцгауер“.

Надлежните служби продолжуваат со напорите за локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат