Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Од:

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран, активен веќе трет ден, ја помина границата и за прошири и на грчка страна, а интервенираат копнени и воздушни противпожарни сили на Грција.

Како што информираат од противпожарната служба на Грција, пожарот е во регионот на Дојранското Езеро кај Килкис (Кукуш), а се гасне со 60 пожарникари со три пешадиски тима, 17 возила, два авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни и возила од општината.

За конкретниот пожар кај Дојран, како што претходно објави МИА, Грција испрати два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, по билатералното барање за помош упатено од ЦУК до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција.

Попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетаа од Солун, а копнените сили што беа испратени веќе интервенираат.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче