Пожарникарите најавија протест откако се сретнаа со Шилегов, тој мисли дека се партиски мотивирани

Од:

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се сомнева дека пожарникарите кои најавија протест пред Град Скопје се партиски мотивирани.

Пожарникарите најавија протести секој работен ден во работното време на градоначалникот, откако денеска имаа средба со него.

„Ако сте на моја позиција како што сум и сте единствен кој реално го работи овој проблем во својата суштина, ако ги преземате сите дејствија за да им излезете во пресрет на луѓето и почнува проблемот да се решава, а од друга страна имате заменик градоначалник на Општина Сопиште, советник на ВМРО-ДПМНЕ, еден од иницијаторите на ова што се случува сега, не можете, а да не помислите за момент дека и политиката ги има вмешано прстите“, изјави Шилегов по средбата со пожарникарите.

Пожарникарите протестираат поради неисплаќањето на надоместокoт за опасност при работа, за кој пред 18 месеци Судот донел пресуда во нивна корист, а Градот се уште не го вметнува во платата.

„Не сме задоволни од денешната понуда на градоначалникот кој што е три години на функција и имаше време овој Закон да го среди до сега. Така да, мислиме ние да продолжиме и понатаму со нашата агенда, значи протест пред Град Скопје“, изјави Дејан Исаевски, командир во бригадата за противпожарна заштита.

Тој најави дека пожарникарите кои се на смената додека трае протестот ќе останат на работа со полн капацитет.

Шилегов изјави дека овој проблем е стар повеќе од 15 години и најави негово решавање.

„Мапиран е проблемот, лоциран е, направена е работна група, се вршат измени во Законот за пожарникарство кои треба да стапат на сила во јуни 2021, кога дел од барањата кои ги имаат пожарникарите ќе добијат законска основа“, изјави Шилегов.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Бранувања во СДСМ, Филипче контра Шилегов: Ги искористија неговите приватни проблеми и задолженост

Катерина Ѓуровски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот