Пожарникари извлекуваат жена што оди на дијализа од запален стан во Ново Лисиче

Од:

Пожарникари од скопската противпожарна бригада извлекуваат луѓе од запален стан во зграда во Ново Лисиче во Скопје. Командантот на противпожарната бригада, Владимир Симоновски, за „А1он“ кусо изјави дека додека на една страна се гаси пожарот, од соседната соба се извлекува станарка.

„Во соба веднаш до онаа каде што избил пожарот има жена којашто оди на дијализа. Сега ја извлекуваме“, рече командантот Симоновски.

Запален стан во Ново Лисиче

Очевидци велат дека пожаникарите извлекле и жена заглавена во лифтот откако избил пожарот.

Запалениот стан е на булеварот АСНОМ број 64 во Ново Лисиче. Станарите велат дека причина за пожарот била плинска боца.

Командантот Симоновски најави изјава за пожарот откако ќе заврши извлекувањето на луѓето и откако ќе биде изгаснат огнот.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип