Пожарникар повреден во Тетово при гаснење пожар

Од:

Еден пожарникар е полесно повреден во Тетово при гаснење пожар во текот на вчерашниот ден, а противпожарната единица морала да интервенира на десетина места во периодот од 8 часот па се до 3 часот рано изутринава.

-Вчера имавме пожар кај Спортскиот центар во Тетово каде беше повреден пожарникарот. Освен таму на отворено имавме пожари во атар на Брвеница, Жеровјане на дива депонија во Челопек во куќа и плевна и на автопатот Тетово-Скопје на возило. Причини се високите температури и несериозноста на граѓаните кои палат на отворен простор, информира Ука Алити, командант на тетовската пожарна.

Во СВР Тетово во текот на првите шест месеци од годинава, заклучно со денеска, 24 јуни бројот на пријавените пожари на ова подрачје изнесува 54 на отворен простор, во поле, шумски предели и други места.

-Во два од нив регистрирани се две човечки жртви, една на гостиварските и една на тетовските простори. Речиси во сите пожари, пак, причинета е значителна материјална штета. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња со цел да се избеге појава на пожари, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од полицијата потсетуваат дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

Минатата 2020 година на подрачјето на СВР Тетово вкупно биле пријавени 112 пожари, најмногу во летниот период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пекол во близина на Бордо: Пожар на векот ја зафати Франција, започнуваат масовни евакуации

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

ВИДЕО: Огнената апокалипса во Франција и Шпанија продолжува да уништува, стотици илјади луѓе ги напуштија домовите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Создадена е „огнена бура“: Пожарот се заканува да проголта цел град, луѓето бегаат во паника

Предраг Петровиќ

ДЗС: Испратени се дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија