Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Од:

Општина Битола информира дека пожарот над Битола е целосно ставен под контрола со сеопфатна и континуирана ангажираност на екипите на ТППЕ, поддршка од јавните претпријатија и дополнителна помош од Центарот за управување со кризи.

Претпладнево како воздушна поддршка на противпожарните екипи, пристигна државна помош за Битола, составена од пет „Ер трактори“, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција кои се дел од помошта која стигна за справување на Македонија со пожарите.

Екипите на ТППЕ Битола остануваат на терен до целосна ликвидација на пожарот.

-Општина Битола и Градоначалникот Тони Коњановски им се заблагодарува на сите вработени во ТППЕ Битола, за нивната посветеност и пожртвуваност во борбата со огнената стихија. Исто така, локалната самоуправа изразува огромна благодарност до сите општествено одговорни компании кои ја изразија својата хуманост и покажаа интерес да помогнат во обезбедувањето на храна и вода за екипите кои ноќта ја поминаа на терен. Голема благодарност до медиумите, кои со својата објективност овозможија навремено и објективно информирање на граѓаните за состојбата со пожарот и делувањето на општинскиот кризен штаб, наведува Општината.

Под контрола е ставен и пожарот кја Радовиш информираше директорит на Центарот за управување со кризи.

– Пожарот кај Радовиш е ставен под целосна контрола.Голема благодарност до радовишките пожарникари, градоначалникот на Радовиш и локалното население кое даде голема подршка во справувањето со овој пожар, вели Ангелов.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски