Пожари кај селата Матејче и Стрима, ќе се гасне и од воздух

Од:

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово информира дека актуелните пожари на територијата на Општина Липково во селата Матејче и Стрима сè уште не се ставени под целосна контрола, поради што се бара помош од воздухоплови.

Во селото Матејче огнот се простира долж патот кон манастирот, каде екипите на „Национални шуми“ се повлекоа откако поради непристапноста на теренот не успеаја да го локализираат пожарот.

Во Стрима опасноста за куќите била неутрализирана од мештаните, но огнот продолжува да гори во повисоките планински делови на локалитетот „Црвен Камен“.

За состојбата се информирани надлежните институции, вклучувајќи ги ТППЕ Куманово, ДЗС и Општина Липково.

Дополнително, борбата со огнената стихија продолжува и на депонијата Краста каде ќе интервенираат кумановските пожарникари.

Изминатите денови се регистрирани и бројни други интервенции на сува трева, стрништа и отворен простор низ Куманово, Старо Нагоричане, Враготурце, Ваксинце и Љубодраг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Два хеликоптера се судрија во воздух додека го гаснеа големиот пожар во Грција

А1он

Изгаснат пожарот во Липковско

Пожарот кај „Глажња“ е сè уште активен, екипите продолжуваат со гаснење

Горан Наумовски

Лизгање на земјиште на влезот во Липково

Исчезна жена од Липково, започната е голема потрага

Горан Наумовски

Уапсени седум лица, претреси во Липково, Куманово и Желино

Предраг Петровиќ