Пожар во станбена зграда во населбата Бејбунар во Охрид

Од:

Дефект на броило во разводната табла ноќеска предизвика пожар во станбена зграда во населбата Бејбунар во Охрид.

Веднаш интервенираа неколку екипи на Територијалната противпожарна единица, а од безбедносни причини евакуирани беа станарите од станбениот комплекс.

Пожарот е локализиран и нема повредени, освен предизвиканата материјална штета од помал обем.

За половина час, колку приближно траеше интервенцијата на противпожарната служба, целосно беше запрен сообраќајот во една насока на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

Би можело да ве интересира

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он