А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожар во центарот на Струга, едно лице затруено од чадот

by А1он11/02/2013 - 11:43165
Share0

Пожар избил утрово во семејна куќа во Струга при што едно лице, на возраст од околу 45 години настрадало и е пренесено на хируршкото одделение во Опшатата болница.

Добивај вести на вибер

Огнот избувнал околу девет часот во поткровјето на објектот на улицата „Пролетерски бригади“ во центарот на градот. Веднаш интервенирала струшката противпожарна единица која успеала да ги изгасне пламените јазици.

По гаснењето на пожарот, пожарникарите забележале дека има човек во внатрешноста на куќата, кој бил изваден и пренесен во болницата.

– Пациентот има труење со гас. Тој е контактибилен и се сеќава на случката, но се уште е рано да се каже дали е во животна опасност. Задржан е на натамошно лекување на нашето одделение, вели доктор Владо Кочоски, хирург во Општата болница во Струга.

Во моментов се врши увид на местото на немилиот настан, по што ќе бидат соопштени причините за пожарот, како и материјалната штета.

pozarstruga

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски04/04/2026 - 14:1004/04/2026 - 14:10

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он28/03/2026 - 10:2428/03/2026 - 10:42

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:47

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 11:2714/03/2026 - 11:27

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 11:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто