Пожар во близина на воениот полигон Пенуш

Од:

Гори нискостеблеста шума во близина на воениот полигон Пенуш, меѓу штипските села Софилари и Драгоево.

Командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов изјави дека станува збор за голема површина и за непристапен терен.

Според првичните проценки на месното население, станува збор за површина од над 50 хектари. Пожарот во ТППЕ-Штип е пријавен околу 11 часот.

– Во гаснењето на пожарот се ангажирани две противпожарни возила со 11 пожарникари, исто така ни помагаат и околу 90 припадници на АРМ и вработени на ЈП Македонски шуми, рече Ренџов.

Жителите на околните штипски села велат дека огнената стихија може да ја зафати и планината Серта. Сметаат дека силниот ветар не им оди во прилог на пожарникарите, војниците и вработените од ЈП Македонски шуми.

Штипските пожарникари секоја година се справуваат со огнени стихии на оваа локација, а досега се покажало дека несовесни сточари намерно ја палат вегетацијата, со цел да го напасуваат својот добиток.

Пред шест години на оваа локација пожарот се гаснеше три дена, а беа ангажирани и ер-тракторите. Тогаш изгореа над 500 хектари сува трева и нискостеблеста шума.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена