Пожар кај земјоделското училиште „Моша Пијаде“ во Тетово

Од:

Над 10 илјади бали луцерка и целиот сенарник од средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ изгореле во пожарот што избувнал попладне околу 17 часот од засега неутврдени причини, информираше директорот на училиштето Александар Бачески.

Пожарот бил забележан од чуварската служба по што тие се обиделе заедно со другите вработени да го изгаснат пожарот но тој брзо се проширил врез останатите бали луцерка зафаќајќи ја и покривната конструкција од објектот. Многу скоро по добиената информација за пожарот тетовската противпожарна единица интервенирала со пет возила и го ставила пожарот под контрола.

Интервенирала и градежна механизација со цел да се растурат запалените бали како и да се урне оној дел од покривната конструкција што останал неупотреблив по огнот. По целосното гасење на огнот ќе биде извршен и комплетен увид од стручни екипи за утврдување на причините кои довеле до избувнувањето на пожарот како и утврдување на вкупната материјална штета најавија од полицијата. Од училиштето посочија дека го имаат осигурено имотот и оти на самото место имало и претставник на осигурителната компанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат