Пожар кај неготинската депонија, од Комуналец се сомневаат дека е подметнат пред избори

Од:

Пожар избувна попладнево кај неготинската депонија, реагираа од еколошкото здружение ,,Ековита”. Оттаму нагласија дека иако ветуваат пред сите избори, политичките партии недоволно водат грижа за животната средина.

Директорката на ,,Комуналец”, Марина Бојаџиева, за МИА рече оти се сомневаат дека пожарот е подметнат како и минатиот пат, сега особено поради тоа што е период пред избори.

– Проблемот настана пред околу два часа. На лице место интервенираа наша екипа и екипа од противпожарната единица. Успеавме за брзо време да се справиме со огнот кој всушност избувна отстрана од депонијата, гореше нискостеблеста вегетација и само дел од старата депонија која не се користи. Не дозволивме огнот да ја зафати целата депонија, појасни Бојаџиева.

Таа апелираше несовесните поединци да не се служат со нечесни работи, затоа што при секоја ваква интервенција на терен, се трошат материјални и човечки ресурси. Рече дека совесноста и оди во прилог на целата заедница.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он