Поздравена акцијата за отстранување на нелегалните тераси покрај Црн Дрим

Од:

Коалицијата „Заедно за Струга“ ја поздрави акцијата за отстранување на објектите лоцирани на шеталиштето покрај кејот на реката Црн Дрим во Струга.

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Перо Петкоски во име на коалицијата денеска изрази надеж дека акцијата ќе продолжи кај сите дивоизградени објекти во општина Струга.

– Треба да се одлучи што и како со урбаната опрема, да се направи квалитетна програма. Ние сме туристичко место и приоритет ни е да имаме понуда каква што доликува за еден туристички центар, изјави Петкоски.

Како советници, рече, дека не се информирани за идејата на градоначалникот Зијадин Села и оти за рушењето на спорните објекти дознале од медиумите.

– Добро е што почнаа да се рушат дивоградбите, меѓутоа дали тоа ќе продолжи. Свеснни сме дека има еден куп киосци кои не личат на ништо, додаде Петкоски. Смета дека е потребна програма за решавање на урбаниот хаос.

– Има програма донесена од претохниот состав на советот, но секој пат урбаната опрема се даваше, па потоа се носеше програма. Овие објекти не се според програма, но и доколку постои програма, таа мора да претрпи драстични измени, нагласи тој.

Министерот за локална самоуправа Техир Хани соработката со градоначалникот на Струга, како и со останатите во државата ја оцени како добра и на Села му посака успех во политиката за уредување на градот согласно неговата програма во интерес на стружани.

– Времето ќе покаже за сите акции што ги презема градоначалникот на Струга. Можам да нагласам дека му посакувам успех во сите негови проекти во инетерес на граѓаните на Струга, изјави Хани одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на промоцијата на Третиот повик за предлози за проекти во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.

И стружани ја поздравија акцијата за ставање ред во урбаниот хаос што на почетокот од мандатот ја најави новата локална власт.

Општина Струга утрово со полициска асистенција почна присилно да ги отстранува објектите лоцирани на шеталиштето покрај кејот на реката Црн Дрим, додека дел од сопствениците на угостителски објекти вчера сами почнаа да ги отстрануваат металните конструкции во рамки на предвидениот рок даден од локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски