Повторно земјотреси во Маврово

Од:

Три земјотреси се регистрирани изутринава во регионот на Маврово, соопшти денеска Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентрите на овие земјотреси биле на 65 километри југозападно од Скоpje во околината на Маврово. Првите два биле со интензитет од 3,2 степени според Рихтеровата скала, додека третиот имал интензитет од 2,4 степени.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрира три земјотреса и тоа во 3 часот и 52 минути, 4 часот и 59 минути и во 6 часот и 15 минути, од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 65km југозападно од Скоpje во околината на Маврово и беа првите два со локална Рихтерова магнитуда ML3.2 додека третиот со магнитуда ML2.4, се наведува во соопштението.

Според досегашните податоци првите два земјотреса биле почувствувани од населението во Маврово со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Гостивар и Кичево со интензитет од III степени, а третиот земјотрес беше почувствуван во Маврово и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Луѓе бегаат на улица, стравуваат од цунами – први снимки од Аргентина по два силни земјотреси

А1он

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Серија земјотреси во близина на Нов Зеланд, со магнитуда до 6,8 степени

Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Унгарија

Земјотрес во Бугарија