Повторно се распишува оглас за избор на претседател на Кривичниот суд

Од:

Со донесување на одлуката од страна на Судскиот совет на вчерашната седница да се стават вон сила сите активни огласи за избор на судии се поништува и огласот за избор на претседател на Кривичен суд.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски потврди дека сите огласи објавени пред први јануари оваа година се ставаат вон сила поради нивна застареност и поради процесот на редовно оценување на судиите за 2015 и 2016 година.

Како единствени кандидати за местото претседател на Кривичен суд останаа поранешниот претседател Владимир Панчевски и судијата Иван Џолев.

Моментално кривичниот суд е под кормилото на в.д претседателот Стојанче Рибарев кој направи нов распоред на судии со што некои од нив немаа можност да бидат вклучени во предметите на СЈО.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје