Повторно се наплаќа за паркинг во Охрид

Од:

Давањето под закуп на паркинг просторот во Охрид ќе биде оспорен, најавуваат од Кабинетот на градоначалникот на Охрид д-р. Николa Бакрачески. Оваа одлука доаѓа откако завчера во централното градско подрачје компанијата „Сузуки” повторно започна да наплаќа за паркирање.

Во текот на днешниов ден беа поставени и рампите кои беа остранети пред три месеци. Оваа компанија почна да го користи паркингот повикувајќи се на договорот од 05.07.2012 година потпишан со Ј.П. „Биљанини Извори”.

„Договорот за давање под закуп на паркинг просторт во центарот на градот, кој е потпишан и чие правно дејствие се врзува со поранешниот градоначалник Александар Петрески и лицата блиски до него, е акт со кој екстремно се кршат интересите на локалната самоуправа и на граѓаните на Охрид.

– Давањето на управување на паркинг просторот на приватен субјект за Општината претставува штетен договор донесен под сомнителни околности, во една нетранспарентна постапка и него го оценуваме како акт со кој се нарушуваат интересите на општината и на граѓаните. Токму поради тоа Општина Охрид, ќе ги преземеме сите законски средства за да се оспори овој штетен договор, а сите оние инволвирани лица кои со потпишувањето на договорот свесно направиле злоупотреба на својата позиција и штета по имотот и угледот на локалната самоуправа ,ќе покренеме постапка за нивно санкционирање”, велат од Кабинетот на градоначалникот Бакрачески.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски