И денеска, по втор пат се одложи почетокот на судењето против полицаецот Јаким Трифуновски.
Тој е обвинет за убиството на Бесник Шехапи и Имран Мехмети.
Трифуновски, како и на првиот обид за почеток на судењето, не беше донесен во судот.
И сега полицијата проценила дека не се преземени сите безбедносни мерки, за да може без ризик да го спроведе обвинетиот од прилепскиот затвор до гостиварскиот суд.
Бранителот на Трифуновски побара на неговиот клиент да не му се суди во судот во Гостивар, туку во некој друг суд. Реагираше и адвокатот на семесјтавата на убиените Шехапи и Мехмети. Според нив сето ова е само режија и игра на судот и полицијата.