Повторно поништено одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“

Од:

Градоначалникот на скопската Општина Центар, постапувајќи во повторна постапка, донесе решение со кое се огласува за ништовно Одобрението за градење на објект со намена – комерцијални и деловни намени, од втора категорија, на улица „11-ти Октомври“ ББ во Скопје, КП бр.12069/6 и 13825/12, КО Центар 1, на инвеститорот ДТПУ “АМАДЕУС ДЕВЕЛОПМЕНТ” ДООЕЛ – Скопје.

Со ова, соопшти денеска Општина Центар, повторно се поништува одобрението за градење на инвеститорот во однос на градењето на таканаречените „Шпански скали“, кои требаа да никнат на порсторот кој се наоѓа на плоштадот Македонија.

Во донесеното решение е наведено дека инвеститорот не пријавил отпочнување на градба, согласно член 67 од Законот за градење, ниту пак отпочнал со градба во рок подолг од две години од правосилноста на одобрението, согласно член 66 став 1 од Законот за градење, според кој одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно.

– Првично, Градоначалникот на Општина Центар – Скопје на 09.02.2018 година донесе Решение со кое се огласува за ништовно Одобрението за градење на објект со намена – комерцијални и деловни намени, од втора категорија, на ул.11-ти Октомври ББ во Скопје, КП бр.12069/6 и 13825/12, КО Центар 1, на инвеститорот ДТПУ “АМАДЕУС ДЕВЕЛОПМЕНТ” ДООЕЛ – Скопје, на кое инвеститорот поднесе жалба до второстепениот орган, а подоцна поведе и управен спор пред Управниот суд на Република Северна Македонија, се појаснува во соопштението од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар