Повторно одложено судењето за обвинението за перење пари преку сметката на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во осмииот месец влегува најновото одлагање на судењето за предметот „Талир“ на СЈО. Судијата Осман Шабани го одложи за 5 ноември.

На почетокот од рочиштето адвокатите побараа одлагање поради тоа што има неовластен тужител во постапката, што судот го одби. Веднаш потоа требаше адвокатите да се произнесат за испитување на листата на докази за што не беа подготвени и побараа нов термин, што и го добија.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари годинава, но судскиот процес седум месеци никако да почне.
Во предметот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и перење пари, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за перење пари. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

На Елизабета Чингаровска не ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Би можело да ве интересира

ОЈО го измени обвинението во „Талир“, застаре едно од делата на Миле Јанакиески

Горан Наумовски

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов