Повторно Нефи Усеини со боксови натепа сограѓанин, четврти по ред за три години

Од:

Советникот Нефи Усеини од ДУИ одново натепа сограѓанин во Охрид, додека ја чека пресудата за тепањето на сограѓанинот Спиро Топаловски. Во изминативе три години, ова е негова четврта физичка пресметка. Според информации на „А1он“, инцидентот се случил во просториите на Општина Охрид. Таму, советникот Усеини се пресретнал со 56-годишниот натепан охриѓанец. Откако ги земале бројчињата за во системот за наддавање за тезгите поставени на кејот, дошло до вербална расправија, а потоа и боксови. Дека Усеини го натепал 56-годишниот сограѓанин, се потврдува и од охридската полиција.

„На 21.06.2022 година околу 15.30 часот на улицата ‚Димитар Влахов’ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У. врз Т.В.(56), двајцата од Охрид. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од охридската полиција.

Новиот инцидент каде Усеини физички се пресметува доаѓа во исто време додека тој чека пресуда од охридскиот суд за насилство. Предметот за претепувањето на нивниот сограѓанин Спиро Топалоски, поради кое се гонат за насилство е во судска завршница. Судијката Билјана Белевска треба да одлучи дали ќе му верува на натепаниот кој откако ги пријави браќата Усеини дека со пиштол го удирале по главата кажа дека не е тепан или на снимките од камерите кои го снимија целиот настан по кој натепаниот заврши во болница. Изјавата, Топалоски ја смени дотаму што, од тепање, кажа дека се гушкал со обвинетиот.

Ова не се единствени инциденти. Во суд влезе и предметот каде Усеини се гони и за претепувањето на Џемал Мена, кој беше советник од Беса во охридскиот совет. Обвинителството бара од судот, Усеини да биде прогласен за виновен дека сторил кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие. Рочиштата постојано се одлагаат, поради тоа што судијата е отсутен од работа. Мена за „А1он“ сведочеше дека бил тепан пред тогашниот градоначалник.

Усеини го натепа и професорот од Универзитетот на Југоисточна европа, Илјаз Илјази. За овој напад не одговараше. Наместо кривична, поднесена била прекршочна пријава.

Претходно, пријава против Усеини имаше и за вербален напад на инспектори од Скопје кои сакале да направат увид во дивоградбата која тој на има кај охридскиот Чинар во строгиот центар на градот. За ова, исто така не одговараше, бидејќи пријавата беше отфрлена.

Два други предмети за изградба на објекти без дозвола и тоа летна тераса и бетонска база се во фаза на истрага. Се чека Обвинителството конечно да пресече дали и за ова, Усеини ќе одговара пред судот. Станува збор за објекти поставени без дозвола, од кои едниот е и на државно земјиште. И двата се направени од тврда градба.

Би можело да ве интересира

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов

По четири години турбо работа: Обвинителство утврди дека пицеријата на Нефи е дивоградба и го гони