Нефи Усеини пред пресуда за насилството, судијката одлучува дали ќе му верува на натепаниот кој кажа дека не е тепан или на снимките

Од:

По скоро две години судења, Нефи Усеини и неговиот брат ќе ја добијат првата судска пресуда. Предметот за претепувањето на нивниот сограѓанин Спиро Топалоски, поради кое се гонат за насилство е во судска завршница. Судијката Билјана Белевска треба да одлучи дали ќе му верува на натепаниот кој откако ги пријави браќата Усеини дека со пиштол го удирале по главата кажа дека не е тепан или на снимките од камерите кои го снимија целиот настан по кој натепаниот заврши во болница. Изјавата, Топалоски ја смени дотаму што, од тепање, кажа дека се гушкал со обвинетиот.

„Предметот е завршен, истиот е во фаза на донесување одлука“, велат од охридскиот суд за „А1он“.

Докажувањето на насилството, за Обвинителството беше тешко. Сите сведоци ги менуваа изјавите, велеа дека ништо не виделе, го штитеа Усеини. Сите изјави им се спротивни на тоа што претходно го кажале пред обвинителот кој ја води постапката. Дел од нив, заедно со Топалоски, одбија да ги гледаат и снимките од надзорните камери во судницата.

Вториот предмет против Нефи Усеини кој се суди е за шамарите и боксовите кои му упати на екссоветникот Џемал Мена. Овој процес е на почеток. Судијата кој го води, подолго време беше отсутен од работа поради здравствени причини. Ново рочиште е закажано дури за на 26 јуни. На ова рочиште, ќе треба да се сослуша Мена. „А1он“ исконтатира со Мена со прашање дали тој ќе остане при истата изјава дека бил натепан од Усеини за време на седница на Совет. Тој не сакаше да одговори, и рече: „ќе видите“. Во овој предмет Усеини се гони за спречување службено лице во вршење на службено дејствие.

Предметот за дивоизградената тераса кај Чинарот од страна на Усеини, две години стои во обвинителската фиока. Причина прво беше чекањето на вештачењето, а сега се чека Усеини да отиде на распит. По ова, обвинителот ќе треба да каже дали ќе го гони или ќе се откаже. Терасата на Усеини е изградена на државно земјиште. На тоа место порано имаше времен објект, а сега е изградена тврда конструкција. Две години по нејзината изградба, таа и натаму работи.

Пред една година започна да работи и дивоизградената бетонска база на Нефи Усеини. Таа и натаму функционира, а ниту една инспекција не ја затвори. Обвинителството има предмет и за неа, а завршени се и вештачењата. Но, одлука дали ќе се поведе судска постапка, нема.

И за време на сите овие постапки, Нефи Усеини по вторпат стана советник во Советот на Охрид. Тој претходно се повлече од позицијата при крајот на првиот мандат, а сега се врати повторно и е во опозиција, како избраник од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

A1on

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов