Повторно нападнати полицајци, во Скопје, Кочани и Македонски Брод

Од:

Уште неколку случаи на агресивно однесување и напади на граѓани кон униформирани полицајци се забележани во изминатите два дена, соопшти МВР.

На 06 октомври околу 23.00 часот во Кочани, полицајци го лишиле од слобода А.С.(23) од Кочани, затоа што физички ги нападнал додека вршеле службени дејствија.

Исто така завчера, во 23.45 часот во Македонски Брод, полицајци од станицата во Македонски Брод го уапсиле В.С.(21) од Македонски Брод, затоа што физички нападнал полициски службеници.

Вчера, пак, во 16.40 часот на подрачје на Полициската станица Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.С.(34) од главниот град, поради напад врз полицајци кои вршеле службени дејствија.

Во сите три случаи, напаѓачите се приведени и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари