Повторно е искршена урбаната опрема на плоштадот во Струмица

Од:

Жардинериите поставени на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица повторно се искршени.

Засега непознати сторители ги искршиле и ја расфрлиле урбана опрема и земјата од неа.

Од ЈПКД „Комуналец“ велат дека се згрозени од овој вандалски чин и додаваат дека не е прв пат да се кршат жардинериите и да се уништува урбаната опрема.

Ваквите појави зачестија од почетокот на годината. Оттогаш до денес се евидентирани повеќе случаи на кршење на урбаната опрема, а сторителите досега не се откриени.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски