Повредени седум лица, девет сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Од:

Седум лица се полесно повредени во четири од вкупно девет сообраќајки регистрирани ви изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.

За брзо возење се санкционирани 19 возачи, а исто толку биле исклучени од сообраќај, 16 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници. Исклучени се од сообраќај и 13 нерегистрирани возила.

Мерки за непрописно паркирање се изречени за 139 возила, а „пајакот“ подигна 79. Санкционирани биле седум возачи кои поминуваат на крстосница на црвено светло и тројца за недевањае превнство на минување.

За користење мобилен при возење се казнети 23 возачи, а десет за неносење сигурносен појас.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во ООУ „Рајко Жинзифов“ на подрачјето на општина Кисела Вода, со ученици од четврто одделние, во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози