Повредени повеќе лица во Свети Николе на прославување победа на кандидат за градоначалник

Од:

Повеќе лица се повредени ноќеска по полноќ во Свети Николе кога полициски службеник од Полициската станица Свети Николе, кој не бил работно ангажиран, и група граѓани го нарушиле јавниот ред и мир при прославата на победата на кадидат за градоначалник на Свети Николе.

– Ноќеска 10 минути по полноќ во Свети Николе дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на О.Ц., полициски службеник во Полициската станица – Свети Николе, кој не бил работно ангажиран и група граѓани кои ја прославувале победата на кандидат за градоначалник на Свети Николе. Повредени се повеќе лица, кои побарале помош во Медицински центар Свети Николе. По настанот, полицискиот службеник сам се пријавил во полициската станица во Свети Николе, соопшти МВР.

За настанот е известено Основното јавно обвинителство Свети Николе и веднаш е вклучен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори