Повредени полицијаци по натпреварот „Брегалница“ – „Пелистер“

Од:

Шест полициски службеници од Кочани се повредени по вчерашниот фудбалски натпревар „Брегалница“ – „Пелистер“ откако интервенирале поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти МВР.

Инцидентот се случил околу 16:40 часот, а го предизвикале навивачи на ФК „Пелистер“ кои на заминување, излегле од автобусот и се упатиле кон паркираниот автобус на ФК „Брегалница“, како и кон граѓани кои биле присутни на натпреварот.

Во обид да спречат настанување поголем метеж, полицајците биле физички нападнати од поголем број навивачи. Покрај нив, телесни повреди здобиле и навивачи. Сите се пренесени во Клиничкиот центар Кочани за укажување лекарска помош.

За кратко време ситуацијата се смирила, навивачите со автобусот биле препратени до Штип, а приведени се П.Д. (18), К.Д. (40), Д.З. (23), А.Л. (19) и Б.К. (38), од Битола.

За настанот е информиран и јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР