Повредени осум лица во пет сообраќајки во Скопје

Од:

Осум лица се повредени во пет сообраќајки од вкупно 10 што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки е причинета материјална штета.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 29 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, шест возачи го управувале возилото без возачка дозвола или нерегистрирано, како и седум возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Затекнати се и 34 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 71 возило.

Денеска со почеток во 21:00 часот во „Метрополис арената“ Ди Џеј Пол Ван Дајк ќе одржи концерт.

Во сабота со почеток во 17:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу Вардар и Метц, Франција. Со цел непречено и безбедно одвивање на овие настани, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ