Повредени осум лица, девет сообраќајки вчера во Скопје

Од:

Девет сообраќајки се евидентирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје, а во четири од нив со полесни повреди се здобиле осум лица. Во пет сообраќајки е причинета материјална штета.

Санкционирани се 10 возачи за пречекорување на дозволената брзина, исклучени се од сообраќај осум возачи, осум пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и еден возач почетник.

Исклучени се од сообраќај и 12 возачи, пет технички неисправни и седум нерегистрирани.

Сообраќајната полиција изрекла мерки за непрописно паркирање за 74 возила, а пајакот подигнал 73.

Изречени се санкции за двајца возачи за поминување на црвено светло, по еден за неправилно престигнување и престројување…

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош, со ученици од второ и четврто одделение, во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози