Повредени две деца на „Партизанска“ откако во нив удрил автомобил

Од:

На крстосница од булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Аминта Трети“ во Скопје, вчера во 22 часот патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот М.Х., удрило во две деца од 13 и 12 години, при што на 12-годишникот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 13-годишникот телесни повреди.

По незгодата, како што соопшти МВР, децата биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари