Во СВР Велес денеска во 11,30 часот од страна на лекар од Итната медицинска помош било пријавено дека две лица се повредени при изведување градежни работи во објект во велешкото село Караслари.
Како што појасни Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, за случајот бил известен инспектор за заштита при работа, кој понатаму е надлежен да постапува.