Повредени четворица полицајци во Бутел

Од:

Министерот Оливер Спасовски во Ургентниот центар во Скопје го посети полицаецот кој беше повреден во синоќешните настани во општина Бутел и честитајќи му на храброста му посака брзо закрепнување, соопштија од МВР.

Во синоќешните настани беа повредени уште тројца полицајци, но по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Полицајците беа повредени откако група од неколку стотини граѓани се обиде да го пробие полицискиот кордон и да се пресмета со групата која претходно постави шатори на местото на кое е предвидена изградба на верско обележје.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејбук профил објави фотографија под која напиша:

-Посета на повреден припадник на македонската полиција во синоќешните настани во општина Бутел. Честитки за храброста со желба за брзо закрепнување.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР