Повредени 14 лица, 13 сообраќајки вчера во Скопје

Од:

Четиринаесет лица се полесно повредени во осум од вкупно 13 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Пет сообраќајки се со материјална штета.

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Петнаесет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Затекнати се 30 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 42 возила.

Во рамки на сообраќајно-воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи’ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со децата од средна и голема група во градинка „Гоце Делчев“ која се наоѓа на подрачјето на општина Илинден.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ