Повредени 12 лица, 16 сообраќајки изминатото деноноќие во Скопје

Од:

Дванаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет од вкупно 16 сообраќајни незгоди, а во седум е причинета материјална штета во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата санкционирала 39 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената и 20 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило.

Од сообраќај се исклучени пет возачи почетници, едно неисправно возило и 16 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се издадени 125 мерки, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 84 возила.

Казнети се и 12 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, девет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 10 за неправилно престројување, 14 за некористење заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл, седум за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 21 возач за користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози