Повредени 11 лица во шест сообраќајки вчера во Тетово

Од:

Единаесет лица завршиле со телесни повреди, а причинета е и вкупна материјална штета од околу 320 илјади денари во шест сообраќајни несреќи што вчера и изминатата ноќ се случиле на поширокото тетовско подрачје информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Главни причини за сообраќајките, според податоците на Јосифовски, биле пребрзо возење, непочитување првенство и недржење страна. Со најголема материјална штета од околу 150 илјади денари и две повредени лица е сообраќајката што ноќеска околу два часот се случила  на регионалниот пат Тетово-Скопје пред влезот во селото Сараќино.  Патничко возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ф.К.(18), кој е роден и живее во Германија, загубило контрола и излетало од коловоз. Од излетувањето возачот и сопатникот Б.А.(21) од Долна Лешница задобиле телесни повреди по што биле пренесени во тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Според првичните информации од полицискиот увид причина за излетувањето на „БМВ-ето“ е неприлагодена брзина односно пребрзо возење.

– СВР Тетово со апел до возачите-да бидат крајно внимателни зашто од дождот се значително влажни и лизгави патиштата во Полог и само мало невнимание е доволно да се загуби контрола над возилото и да се излета од коловозот. Поради тоа возачите треба да ја прилагодат брзината според условите и задолжително да држат прописно растојание, страна и да почитуваат првенство, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он