Повреден работник во пробиштипскиот рудник „Добрево“

Од:

Поврден е 58-годишниот Н.М., ракувач на багер во рудникот за олово и цинк „ Добрево“ во Пробиштип.

Рударскиот инспектор, Драган Димитровски денеска информира дека несреќата се случила вчера околу 5 часот, во момент кога рударот сакал да се качи во локомотива која ја носи рудата. При тоа едната нога му останала надвор од неа и се здобил со скршеница на бутната коска. Повредениот веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница, а потоа и на Клиниките во Скопје.

Димитровски најави дека во текот на денот ќе извршат увид во рудникот Добрево.

– Се уште немаме извршено увид, ќе ги земеме изјавите и потоа официјално ќе го доставиме извештајот до надлежните органи, изјави Димитровски.

Тој појаснува дека при вакви несреќи раководствата на рудниците во рок од 48 часа треба да ги известат инспекторите и надлежните институции.

Ова е втора несреќа во рудникот Добрево во рок од еден месец. Димитровски истакна дека при последниот увид во рудникот Добрево во сопственост на индиската фирма „Индо минерали и метали“ констатирал дека веќе се применуваат мерките и препораките кои им ги има дадено за поголема безбедност во рудникот, додека новата пумпа со која треба да се испумпува вода од рударските јами, а која требаше да ја набави рудникот, се очекува да пристигне во текот на оваа недела.

Би можело да ве интересира

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

(ВИДЕО) Индиските работници по повеќе од 17 дена се извлекоа од урнатиот тунел

Горан Наумовски

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Пожар избувна во рудник за јаглен во Кина, најмалку 16 загинати

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Достојно признание и почит за тешката работа на рударите

Горан Наумовски